-Овој проект е финансиски подржан од Американската фондација “German Marshal Fund“. Главните цели на овој проект се:
-Креирање на локални акциони планови за подобрување на животните услови на лицата со посебни потреби и нивните семејства
-Иницирање на соработката помеѓу локалните власти невладиниот сектор
-Иницирање на соработката помеѓу самиот невладин сектор
-Издржливоста на овој проект се гарантира со самиот факт што се креира документ кој на крај ќе биде усвоен од советите на самите општини а исто така, З.И.“Шпреса“ после една година има за обврска да ги посети сите општини и да го евалуира имплементирањето на плановите.
-Со овој проект се опфатени 4 општини меѓу кои се општина Гостивар, Брвеница, Кисела Вода и општина Бутел. Имплементацијата на овој проект започна од 01 Август, 2010 година и ќе продолжи до 31 Мај, 2011 година.
-Бидејќи овој проект трае скоро една година, активностите кои се предвидени со него се поделени на неколку фази каде најпрво започнавме со средбите со сите 4 градоначалници и ги информиравме со активностите и целите кои треба да се постигнат со овој проект на територија на нивните општини. Секако, беше побарана и официјална согласност за реализација на овој проект, бидејќи сепак се работи за лицата со посебни потреби, граѓани на нивните општини. Уште од првата средба, градоначалниците беа фасцинирани од оваа идеја и без никакви резерви ја дадоа нивната согласност за реализација на овој проект.
Првиот состанок се одржа на ден 05 Авуст, 2010, со градоначалникот на општина Бутел, г-дин Петре Латиновски.

Вториот состанок се одржа на ден 12 Авуст, 2010, со градоначалникот на општина Брвеница, г-дин Енвер Пајазити.

Третиот состанок се одржа на ден 14 Авуст, 2010, со градоначалникот на општина Гостивар, г-дин Руфи Османи.
Четвртиот состанок се одржа на ден 30 Авуст, 2010, со градоначалникот на општина Кисела Вода, г-дин Марјан Ѓорчев.
Кратко потоа, како што се договоривме со градоначалниците, тие одредија контакт лице со кого ги координиравме сите останати активности.
Следната активност беше формирањето на работните групи кои треба да бројат 10-15 членови, 3 од кои се представници на самите општини (сектор за урбанизам, образование и социјални работи) а останатите членови се представници на НВОи кои делуваат во територијата на одредените општини, центар за социјални работи, агенцијата за вработување, локалните медиуми, специјалните центри, специјалните училишта и бизнис секторот. Формирањето на овие работни групи траеше до 30 Септември, 2010.
Овие 4 работни групи имаа за обврска да следат 2-дневна обука каде сите членови имаа можност да се запознаат со актуелните закони на Р.М. кои имаат врска со правата на лицата со посебни потреби, меѓународната конвенција за правата на лицата со посебни потреби која беше донесена од ООН на ден 13 Декември, 2006 година, Агендата 22- стандардните правила, европската конвенција и разни други декларации кои се обврзувачки или декларативни. Сиот овој материал им беше доделен на членовите на сите работни групи преку ЦД. Во текот на овие обуки се потпишаа и меморандумите за соработка помеѓу З.И.“Шпреса“, општините и останатите членови на работните групи, представници на разни институции.
Првата обука се одржа во општина Брвеница на ден 04-05 Октомври, 2010.


Втората обука се одржа во општина Гостивар на ден 20-21 Октомври, 2010.

Третата обука се одржа во општина Бутел на ден 25-26 Ноември, 2010.

Четвртата обука се одржа во општина Кисела Вода на ден 17-18 Јануари, 2011.

-Како следна активност беше организирањето на 3- дневните обуки за секоја општина каде веќе вршиме конкретни активности каде на партиципативен начин сите заедно ги листаме правата и проблемите кои ги преокупираат лицата со посебни потреби- граѓани на овие општини, започнувајќи од јавната свест, социјалната заштина и социјалните сервисни служби, образованието, физичката пристапност, пристапноста до информациите, спортот, културата и вработувањето.
Сите овие собрани податоци, З.И.“Шпреса“ заедно со фасцилитаторот кој истовремено беше и обучувачот во текот на обуките, г-дин Африм Иљази кој е експерт од ова поле, ги обработува и ги става на хартија со што се креира драфт верзијата на Локалните Акциони Планови.
Првата работилница се одржа во општина Гостивар, на ден 09-10-11 Декември, 2010 година
Втората работилница се одржа во општина Бутел, на ден 12-13-14 Јануари, 2011 година

Третата работилница се одржа во општина Брвеница, на ден 07-08-09 Февруари, 2011 година

Четвртата работилница се одржа во општина Кисела Вода, на ден 14-15-16 Февруари, 2011 година


Процесот продолжува и понатаму.