Во текот на месец Јуни и Јули, З.И.“Шпреса“ имплементираше проект подржан од SPA програмата, овозможено од USAID и Мировен Корпус, Македонија. Во текот на 8 недели, 9 членови следеа обука за време на викендите, за да научат Англиски јазик и информатичка технологија.
Обуката ја одржуваше Африм Бајрами, заедно со Блерим Реџепи кој им асистираше на кандидатите. Обуката по англиски јазик се состоеше од почетничкото ниво на говоречкиот јазик, почнувајќи од буквите на англиската азбука, претставувајќи се себеси, и прости реченици и прашања од минато, сегашно и идно време.
За време на обуката по информатичка технологија, кандидатите научија да го употребуваат Microsoft Office. За време на часовите, дадени беа детални инструкции за тоа како да се употреби MS Word, Publisher и Powerpoint, кои се многу важни способности за идните можности за вработување.
Секоја од овие сесии беше снимена за да се зголеми ефектот на проектот во средината. Снимките беа искористени како лекции од 5-20 минути, фокусирајќи се на главните лекции. Сите овие лекции беа вметнати во DVD и им беа дадени на кандидатите кои ја следеа оваа обука во текот на летото, за да можат да вежбаат и да го повторат тоа што го научиле. Останатите DVD ќе им бидат дадени на други членови кои се заинтересирани да научат Англиски јазик и информатичка технологија.
На ден 25.11.2009, овој проект и официјално заврши, со едно мало собирање на сите кандидати за да им се поделат сертификатите. Сефер Хисени, член на З.И.“Шпреса“, кој е вработен во општина Чаир, зборуваше со кандидатите за неговото искуство за тоа како е да се биде лице со посебни потреби и да се живее и работи во ова општество, за да ги охрабри кандидатите да продолжат да учат и да ги подобруваат своите способности.
Обуката по англиски јазик
обуката по информатичка технологија