Përshëndetje. Welcome. Добредојдовте. Shqip | English | Македонски
Association of People 

with Disabilties Shpresa

Летен одмор

21 септември 2010



Земајќи во предвид дека семејниот буџет на оваа категорија на лица не им дозволува лукс каков што е летниот одмор, З.И.“Шпреса“ се обрати до Црвен Крст на град Скопје со официјално барање за да им се овозможи летен одмор на неколку наши членови. Од нивна страна добивме позитивен одговор за 5 наши членови кои ја искористија оваа можност почнувајќи од 15.09.2010 до 20.09.2010, во хотелот на Црвен Крст во Струга.
Ова е почетокот на една активност која веќе стои на нашата план- програма и се надеваме дека во иднина ќе бидеме во можност да најдеме донатори за да се задоволат потребите на уште повеќе членови.
Сметајќи дека сме во светиот месец Рамазан- 2010, исто како и предходните 3 години, и оваа година, компанијата за месни производи “Ука- Комерц“ која се наоѓа во општина Сарај, Скопје, и донираше на здружението 250 пакетчиња со месни производи, во вредност од 30 евра. Знаејќи дека Македонија е во тешка економска состојба, оваа донација е многу добродојдена за нашите членови и ние ја цениме многу.
Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму.
Исто така, во соработка со други донатори кои сакаат да останат анонимни, разделивме околу 2500 кг прехрамбени и хигиенски артикли од сите видови.